Лев банер Десен банер

Уапсен 44-годишен охриѓанец во Струга, фрлил паковка со бела прашкаста материја при полициска контрола

На 18.11.2026 во 20:45 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.М.(44) од Охрид.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.М. и при извршени проверки и преглед над лицето бил забележан како фрла паковка со бела прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: