Лев банер Десен банер

Подобрена заматеноста на водата во Струга, но забраната за пиење останува во сила

ЈП „Водовод и канализација“ – Струга информира дека последните анализи на примероците од водата покажуваат подобрување на нивото на заматеност, но и покрај позитивните промени, забраната за користење на водата за пиење сè уште останува во сила.

Според најновите резултати од извршените анализи, измерените вредности на заматеност се следни:

  • Општа болница – Струга: 1.27 NTU
  • Детска градинка „Сонце“: 1.38 NTU
  • Завод за нефрологија: 1.42 NTU
  • Село Враништа: 1.24 NTU

Иако е забележано подобрување на квалитетот во однос на претходните мерења, од ЈП „Водовод и канализација“ нагласуваат дека граѓаните не треба да ја користат водата за пиење.

Водата може да се користи исклучиво за технички потреби, сè до следното известување од надлежните служби.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките и да продолжат да постапуваат внимателно додека не бидат исполнети условите за безбедно користење на водата за пиење.

За евентуална промена на состојбата, јавноста ќе биде дополнително информирана.

StrugaOnline

error: