Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен западен ветер. Локално врнежите ќе бидат од пороен карактер проследени со грмежи. Дневната температура ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени. Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 24 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари