Лев банер Десен банер

Викендов продолжуваат натпреварите од МФЛ

Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите од МФЛ.

Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ.

-Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19. -велат од ФФМ

Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”.

Strugaonline

error: