Ако има потреба , во крило А од болницата ,,Свети Стефан“ во Охрид ќе се лекуваат ковид позитивни пациенти
Специјализираната болница за кардиоваскуларни болести,Охрид ,во период кога бројката на COVID позитивни пациенти рапидно расте ,а болничките капацитети се полнат,во комуникација и координација со Министерот за здравство, доколку е неопходно ќе ги стави на располагање сместувачките капацитети на крило А за третман на COVID позитивни пациенти, кое е физички и функционално одвоено од останатиот болнички дел.

-Мора да напомениме дека нашата болница ги згрижува најкомплексните случаи со кардиоваскуларна и др патологија од цел регион: Охрид, Струга, Вевчани,Кичево,Дебар,Ресен,Битола,Прилеп,Крушево ,Демир Хисар. Во последниов период одделот за интервентна кардиологија,одделот за интензивно и болничко лекување како и амбулантно поликлиничкиот оддел бележи зголемување на обемот на работа .-информираат од болницата.
Од таму додаваат дека и покрај зголемениот обем на работа, во време на здравствена криза, не можат да останат надвор од здравствениот систем и секако доколку има потреба ќе се вклучат во решавање на новонастанатата ситуација во координација со Министерството за здравство.
Strugaonline
