Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 63 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 28, Струга 17 и Кичево 18).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 51 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари