Владата на вчерашната седница донесе одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на следните проекти: Изградба на водоснабдителен систем во Мала Речица, општина Тетово – 6.170.000,00; Изградба на канализација за Бурови Варим Бојанов Дол, општина Крива Паланка – 6.000.000,00 денари; Препораки од УНЕСКО за градби во Охрид – 6.000.000,00 денари; Изградба на канализациона мрежа во Фурка, општина Дојран – 5.000.000,00 денари; Изградба на канализација во општина Демир Капија – 2.000.000,00 денари; и за изградба на канализација во општина Сарај – 10.000.000,00 денари.
Што се однесува до средствата што ќе ги добие Охрид, градоначалникот д-р Константин Георгиески неодамна информираше дека по добивањето на овие средства ќе бидат одстранети објекти на 4 плажи кои не се во опфатот на ГУП и ќе започне одстранувањето на нелегалните објекти на потегот кон „Св. Стефан“. Георгиевски исто така информираше дека овие активности биле стопирани затоа што општината немала доволно сопствени средства.
Strugaonline
Facebook Коментари