196 нови случаи на ковид 19 во Струга последнава недела, вкупно активни случаи се 480

- Локални
501

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат Билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 28-ми ноември до 4-ти декември 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 236 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 93 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 143 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 438 лица и тоа кај 206 лица од општина Охрид, кај 196 лица од општина Струга и кај 36 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 229 лица од Охрид, 142 лице од Струга и 3 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 6 лица од Охрид и 9 лица од општина Струга.
– Активни случаи на 04.12.2020 година во Охрид се 576, во Струга 480, а во Дебар 132.
Од почетокот на епидемијата до 4-ти декември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 3.843 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1.757 лица во општина Охрид и Дебрца, 1.595 лица во општина Струга и Вевчани и 491 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 1.178, од Струга се 1040, а од Дебар и Центар Жупа се 344 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 58 починати пациенти, од општина Струга се починати 97, а од Дебар и Центар Жупа се починати 21 лице

Коронавирусот во овој период е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања и сведување на бројот на контакти на минимум
– често миење/дезинфекција на рацете

Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје.

Извор: ЦЈЗ Охрид

Facebook Коментари