КУД ,,Илинден“-Струга вечерва учествува на онлајн издание на манифестацијата ,,Фолклорни смотри 2020“

- Локални
761
Во организација на Сојузот на фолклорни анасамбли на Македонија вечерва со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи онлајн издание на манифестацијата ,,Фолклорни смотри 2020“.
Учество ќе земе и КУД ,,Илинден“ Струга.
-Оваа година ќе се претставиме со сценската адаптација ,,Носење на невестата на вода” која премиерно беше изведена на нашиот годишен концерт во 2017 година.-информираат од КУД Илинден.
Освен Илинденци, учествуваат детски и сениорски културно-уметнички друштва од Скопје, Битола, Богданци, Гевгелија, Вевчани и други.
Фолклорни смотри се организираат секоја година, поделени по региони, но оваа година поради состојбата со коронавирусот организаторите одлучија да организираат онлајн издание кое ќе можете да го следите на следниов ЛИНК
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари