– Вчера во 18:25 часот, на булевар „Железничка“ во Охрид, 45-годишниот Е.Н. од струшкото село Лабуништа, управувајќи патничко моторно возило марка „БМВ“ со струшки регистарски ознаки удрил во 18-годишниот И.У. и малолетник од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од СВР Охрид.
На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари