Време-Облачно со повремени вренжи од дожд, на планините од снег

- Македонија
366

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 14 степени.  Утре ќе биде  облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, на места поројни. Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари