УХМР: Викендов следуваат обилни и поројни врнежи од дожд, во недела снег на повисоките места

- Македонија
463

Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса утре и во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. -информираат од УХМР.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20 л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од јужен правец.

-Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка поради што ќе се зголеми веќе постојната.-додаваат од  УХМР.

Strugaonline

Facebook Коментари