Геодетската струка при СОУ ,,Нико Нестор“ доби донација од 10 компјутери со соодветна конфигурација за изработка на геодетски елаборати

- Локални
579
Со започнувањето на онлајн наставата, стручното образование се соочи со големи предизвици околу нејзиното реализирање, посебно поради  специфичните начини на совладување на одредени наставни содржини.
Карактеристичен пример за тоа е геодетската струка, во која голем дел од наставните содржини треба да се реализираат со специфични стручни компјутерски програми.
Овие програми е невозможно да се работат на смарт телефони или таблети, на кои најголем дел од учениците ја следат онлајн наставата.
Соочени со проблемот, наставниците од геодетската струка од СОУ Нико Нестор, се обратија со барање за поддршка до Агенцијата за катастар на недвижности и Општина Струга.
“Тргнувајќи од фактот дека станува збор за институција која целосно ја разбира проблематиката на геодетската работа и потребата од градење специфични компетенции кај учениците идни геодетски техничари, наидовме на големо разбирање од страна на Агенцијата и Општината, за што сме бескрајно благодарни.” – вели професорката Марија Коваческа.
Иницијативата вроди со плод и се оствари соработка меѓу СОУ Нико Нестор и Агенцијата на катастар на недвижности и поддршка на Општина Струга.
“Оваа недела во нашето училиште пристигнаа 10 компјутери со соодветна конфигурација за изработка на геодетски елаборати, како донација од Агенцијата за катастар на недвижности. Истите на почетокот на второто полугодие ќе бидат доделени на наши ученици.” – вели професорката Коваческа.
Коваческа изрази уверување  дека оваа иницијатива и поддршката од Агенцијата за катастар на недвижности, ќе биде пример и за многу други фирми, работни организации, компании во рамки на општина Струга, кои стануваат свесни дека за да се обезбедат соодветен кадар потребно е да остваруваат соработка со стручните училишта.
-Впрочем, од таа соработка имаат бенефит и фирмите и училиштето и учениците. Секако поддршката од општината во овој процес е многу значајна.”-заклучува професорката.
Извор: Општина Струга

Facebook Коментари