Лев банер Десен банер

Модуларната ковид болница во Струга наскоро ќе биде приклучена на водоводна мрежа

Работните тимови на „ЈП Водовод и канализација-Струга“ започнаа со изградба на новиот систем за приклучување на водоводна и канализациона мрежа наменета  за новата модуларна ковид болница во Струга.
-Работиме интензивно се со цел модуларниот ковид центар да биде ставен во функција што побрзо -информираат од„ЈП Водовод и Канализација-Струга“.
Од струшката болница неодамна најавија дека се очекува ковид центарот да биде целосно подготвен на средината на овој месец.
 Во Струга моментално има 204 активни случаи на ковид 19.
Strugaonline

error: