Вечерва во Охрид ќе се прикажува документарниот филм ,,Чистилиште на душата“

- Локални
559

Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид по повод верскиот празник Богојавление-Водици, својот филмски репертоар во 2021 година го започнува со документарниот филм ,,Чистилиште на душата”. Режијата и сценариото на филмот е на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски. Филмот е снимен во 2010 година и истата година беше премиерно прикажан.

Проекцијата ќe се прикажува вечерва со почеток во 18:00 часот во големата сала на НУЦК “Григор Прличев”-Охрид.

НУЦК “Григор Прличев”-Охрид ги обезбедува сите потребни протоколи за заштита од Ковид 19. Влезот е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари