ИЈЗ: За 17,9% е зголемен бројот на позитивни случаи на ковид 19

- Македонија
415

Во периодот од 25-ти до 31-ви јануари тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5 отсто во однос на минатата недела, информираат од министерството за здравство.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (26,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 ( 18,1%), 50-59 ( 17,9%), 30-39 (18,4%) и 20-29 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 ( 2,0%) и 10-19 години ( 4,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Facebook Коментари