Институциите ќе се фокусираат на уредување на Паркот на поезијата, граѓаните да бидат совесни и одговорни за јавните површини

- Локални
681
Денеска во просториите на Општина Струга се одржа работна средба помеѓу претставниците на Општина Струга, директорот на Струшките вечери на поезијата Тодорче Тасевски, директорката на Центарот за Култура „Браќа Миладиновци“ Николина Велкоска Глигороска, директор на ЈП „Комунално“ Иќмет Ислами и директорката на ЈП „ Еко“ Гордана Ѓорѓиеска Китаноска.
-Покрај дискусијата за соработка меѓу претпријатијата и институциите, посебен акцент беше ставен и на Паркот на Поезијата, кој во последен период претрпе многу штети, било да е тоа од невнимателни пешаци или неправилно паркирани автомобили.-информираат од Општина Струга.
Целта на оваа средба, иницирана од страна на Тасевски и Глигороска е да не се повтори ланската слика кога несовесни возачи Паркот на поезијата во Струга си го претворија во паркинг, на средбата се разговараше и за уличното осветлување кое наскоро треба да биде поставено на јужната страна на Домот на културата. На средбата е договорено и да се збогати хортикултурното уредување во паркот  во пресррет на 60-то јубилејно издание на манифестацијата ,,Струшки вечери на поезијата“.
За јубилејното издание на СВП се’уште нема конкретен план за начинот на кој ќе бидат организирани бидејќи ситуацијата со пандемијата е непредвидлива, но сигурно е дека најпознатиот фестивал на поезијата нема да ја прекине својата традиција.
Од Општина Струга апелираат до сите граѓани да бидат одговорни и совесни кога станува збор за јавните површини и потенцираат дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на Паркот на поезијата.
Извор: Strugaonline

Facebook Коментари