ЖКК Струга 2009 славеше убедливо над екипата на Пантери
Во рамките на претходно одложен натпревар од второ коло од Прва лига жени, ЖКК Струга 2009 убедливо славеше над екипата на Пантери со резултат 65-24 ( по четвртини-13:08;24:04;13:03;15:09.

Најдобри стрелци во нашата екипа беа Вељаноска со 24 погодоци, Зендели 12, Чолакова и Белеска постигнаа по 8, Устијанова 5, а Укоска 4. Во гостинскиот тим најефикасна беше Личина со 10 погодоци.

