Петнаесеттина вработени во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид се позитивни на ковид 19. -објави Алсат М
Сите термини од платформата Мој термин се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи .
Од заболените, дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.
Британскиот сој на ковид 19 го зголеми бројот на заболени од ковид 19, а Охрид е меѓу градовите со највисока застапеност на овој сој кој е многу попренослив.
Во болницата во Охрид во моментов има 55 лежечки пациенти со корона вирус од кои дури 35 се на кислородна поддршка. Во Струга тој број е 16, од кои 10 примаат кислород.
Извор: Алсат М
Facebook Коментари