Два натпревари на домашен терен-ЖКК Струга 2009 со минимален пораз и убедлива победа над Шкупи
ЖКК Струга 2009 вчера на домашен терен одигра два натпревари со тимот на Шкупи.

Во заостанат натпревар од тртото коло кошаркарките на Шкупи славеа минимално со 60:59 (12:13;11:20;17:05;13:15 , продолжение 07:06). Најдобри стрелци во нашата екипа беа: Укоска 18, Модева 15, Зендели постигна 12 погодоци, а кај Шкупи најдобра беше Конјушка со 36 погодоци.
Во натпревар од 10-то коло Струга 2009 постигна победа над Шкупи со резултат 67: 38. (27:09;17:10;12:11;11:08). Најдобри срелци во нашата екипа беа: Пешиноска со 14 погодоци, Укоска со 10 погодици, Попоска постигна 8, Модева 6, Филоска 5. Кај Шкупи Салиу и Долани постигнаа по 8 погодоци.
Strugaonline

