ЖКК Струга 2009 се засили со две нови кошаркарки оваа сезона. Станува збор за српските интернационалки Милена Лаковиќ и Наталија Спаиќ.
Милена Лаковиќ има 28 години, висока е 186 см и ги покрива центарските позиции, оваа година настапуваше за ЖКК Врбас во првата лига на Србија.
Наталија Спаиќ има 24 години, висока е 170 см и ги покрива бековските позиции. Оваа година настапуваше за ЖКК Спартак од Суботица во првата лига на Србија.
,, Станува збор за две искусни кошаркарки кои имаат и интернационално искуство. Двете беа репрезентативки на младински селекции во Србија. Се надевам дека со своите квалитети и искуство и двете ќе им помогнат на нашите млади кошаркарки и ќе придонесат за наше што подобто претставување во Суперлигата. ,,- изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ .
Strugaonline
Facebook Коментари