Со воведување на зонско паркирање ЈП Еко Струга ќе го решава проблемот со метежот во сообраќајот 

- Локални
1279
Градоначалникот Мерко денеска оствари работна средба  со тимот на  ЈП Еко Струга.
Главна тема на состанокот беше  идното спроведување на зонско паркирање во Општина Струга.
,, Реализацијата на овој проект е од големо значење , веќе сме во фаза на набавка на потребната опрема. Со спроведувањето на зонското паркирање ќе се намали метежот  низ градот и граѓаните ќе ги добијат сите придобивки.  Со целосна подршка од страна на Општина Струга и на градоначалникот Рамиз Мерко ќе се надминат долгогодишните проблеми и гужви во сообраќајот.“ – изјави за Strugaonline директорката на ЈП Еко Струга, Гордана Ѓоргиоска Китаноска.
Во изминатиов период бевме сведоци на непрописно паркирање во Струга, минатата година несовесни возачи Паркот на поезијата  го претворија во паркинг место, слика која ги налути стружани и имаше силни реакции на социјалните мрежи.
,,Токму таквите случаи покажуваат зошто воведуваме зонско паркирање, освен да се намали сообраќајниот метеж, целта е да се заштитат и зелените површини во нашиот град. Неодамна и на таа тема имавме состанок со градоначалникот Мерко, директорката на Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ Николина Велкоска и директорот на СВП Тодорче Тасески. Сите институции се координираат за модерно општество и европска Струга.,,  – додава Китаноска.
Зонското паркирање ќе започне да функционира во наредниве два месеци.
Strugaonline

Facebook Коментари