Со претставата ,,Сопружници“ во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на театарот

- Локални
460
По повод светскиот ден на театарот ,на репертоарот на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” – Охрид ќе биде изведена претставата,,Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска во сабота  27.03.2021 година со почеток во 19.00 часот.
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник (23.03.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 19.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Претставата ќе се игра во малата сала, со почитување на сите мерки и протоколи.
Strugaonline

Facebook Коментари