6 лица во Струга и 10 во Охрид казнети поради неносење маски

- Локални
346

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеСници констатирале 41 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 10, Струга 6, Кичево 18 и Дебар 7).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, регистрирани се 5 прекршувања на забраната за движење од 20:00 до 05:00 часот со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19 (Струга 1 и Кичево 4). Против овие лица, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари