Милорад Трпоски: Здружението на пензионери- Струга со видео-седници функционира и за време на пандемија

- Локални
682

Здружението на пензионери- Струга брзо се адаптираше на работа од далечина.

Собранието при Здружението на пензионери од Струга усвои различни пристапи за алтернативно функционирање во услови на пандемија, така што во нивното работење не се почуствува никаква блокада кога дел од делегатите на Собранието и членови на ИО беа заразени со ковид – 19 и не можеа да присуствуваат на седниците. -вели претседтателот на Здружението Милорад Трпоски.

Имено, тие имаа можност за дискусии и гласање од далечина преку употреба на електронски средства за закажаните седници.Тоа е овозможено прку измени на членови од деловникот за работа на Здружението.

– Уште на почетокот на пандемијата во март минатата година Извршниот одбор донесе одлука за изменување на внатрешните правила за функционирањето на Собранието и Извршниот одбор и работата на Комисиите да се спроведува прку електронски средства, во исклучителни околности, како што се епидемиите. – додава Трпоски.

Тој појасни дека истиот период лани, извршниот одбор усвоил заклучок за промена на начинот на постапување за време на ризик од епидемија или вонредна состојба при што во период на епидемија се овозможи некои делегати во Собранието и членови на извршниот одбор да учествуваат во работата преку видеоврска со што се обезбеди потврда на нивниот идентитет.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари