Вчера во Струга заврши работилницата за филм, онлајн сесии продолжуваат во текот на летото

- Локални
492
Вчера заврши работилницата за филм Drim Short filmmaking training course trough the theme of dealing with the past, организирана од Drim Short Film Festival, во соработка со Forum Ziviler Friedensdienst – Macedonia Program.
,,По воведните предавања и сесиите за сценарио и режија, продолживме со дводневна обука за камера, како и еднодневна обука за дизајн. Истовремено беа развиени десет идеи за краток филм, од кои транспарентно, во согласност со сите учесници, беше избрана една идеја. Во текот на летото, под наше менторство и консултации, идејата ќе биде развиена во сценарио за краток филм, кое ќе биде реализирано следната есен, а сите учесници ќе бидат дел од екипата на филмот, во зависност од нивните афинитети.“-информираат од тимот на Drim Short.
Покрај развојот на сценариото во соработка со менторите, учесниците во текот на летото ќе имаат уште три дополнителни онлајн сесии со професионалци од областа на истражувачкото новинарство и филмот. На тие сесии младите филмски работници ќе можат да научат повеќе за објективното истражување на комплексни теми, кои бараат исклучителна внимателност при нивната адаптација во приказни за филм.
Работилницата беше уште една успешна соработка помеѓу фестивалот на краток филм Drim Short и Forum Ziviler Friedensdienst – Macedonia Program, која продолжува и во рамки на петтото издание на фестивалот, преку специјалната програма на кратки филмови Dealing with the past. На крајот истата ќе биде заокружена со реализацијата на краткиот филм и негова дистрибуција.
Strugaonline

Facebook Коментари