Горан Пандев денеска го игра последниот натпревар за репрезентацијата, објави дека ќе се пензионира
Eден од најдобрите македонски фудбалери, капитенот Горан Пандев, објави дека оди во пензија. Денешниот натпревар со Холандија е последниот кој ќе го одигра во дресот на репрезентацијата.

На оваа тема тој истакна дека ова е вистинското време да се прости од репрезентацијата. Пандев има 37 години, за македонската репрезентација има 121 настап и 37 постигнати голови.

