Струга се збогува од поранешниот градоначалник Раде Кутаноски
По долго и тешко боледување, вчера почина поранешниот градоначалник на Општина Струга, Раде Кутаноски.

,,Ќе биде запаметен како добар визионер кој својата моќ и знаење ги вложи да ја направи Струга модерно место за живеење.
Општинската организација на СДСМ изразува сочувство до најблиското семејство.,, -стои во соопштението од СДСМ-Струга
,,Со длабока жалост ја примив веста за смртта на поранешниот градоначалник на Општина Струга, Раде Кутаноски.
Кутаноски ќе биде запаметен како градоначалник кој ги постави темелите на модерна Струга.“ – напиша актуелниот градоначалникот на Струга, Рамис Мерко
Strugaonline
