По крајот на групната фаза, в среда ќе се одигра и завршницата во машкото пионерско првенство на Македонија. Домаќин ќе биде екипата на Струга, а натпреварите ќе се играат во салата “Нико Нестор“ во Струга.
Учество на завршниот турнир обезбедија победниците на групите од групната фаза, а тоа се екипите на ГРК Тиквеш 2014 (од група “А“), РК Струга (од групата “Б“), РК Металург (од групата “В“) И РК Голден Арт КЛ7 (од групата “Г“). Фајналфорот ќе се одигра в среда, на 30 јуни.
Познати се распоредот и сатницата од фајналфор-натпреварите:
10.00 часот, полуфинале 1: ГРК Тиквеш – РК Голден Арт КЛ7
12.00 часот, полуфинале 2: РК Струга – РК Металург
17.00 часот: Натпревар за третото место
19.00 часот: Финале
Средбата меѓу пионерите на Струга и на Металург ќе ја судат Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Извор: РК Металург
Facebook Коментари