Градоначалникот Мерко учествуваше на презентацијата за изработка на Студија за ревалоризација на Охрдиското Езеро

- Локални
623
Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко присуствуваше на презентација за активностите за изработка на Студија за ревалоризација на Охрдиското Езеро оддржана во просториите на Општина Охрид.
Студијата се изработува од страна на Меѓународната Унија за Заштита на Природа IUCN ECARO како дел од активностите за донесување на Законот за ре-прoгласување на Охридско Езеро како Споменик на природата.
На состанокот покрај претставниците на Меѓународната Унија за заштита на природа, Програмата на ООН за животна средина (UNEP), Министерството за животна средина и просторно планирање беа присутни и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
На состанокот се дискутираше за теми поврзани со предложените граници и зони на Охридското Езеро, дозволени и забранети активности, формирање на Управувачко тело, како и запознавање со постапката за ре-прогласување на Охридското Езеро во категоријата Споменик на природата.
Во процесот на изработка на Нацрт студијата за ревалоризација на природните вредности на Охридското Езеро претходно беше одржана јавна консултација, како и низа состаноци со сите засегнати страни.

Facebook Коментари