Општина Струга ќе ги субвенционира граѓаните за купен велосипед за 2021 година

- Локални
970
Општина Струга, со цел да ги стимулира жителите на подрачјето на Oпштина Струга да користат велосипеди како една од мерките на Oпштина Струга за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки.
Општина Струга ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед и тоа во висина од 50% но не повеќе од 3.000,00 денари.
Јавниот повик ќе трае заклучно со исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Oпштина Струга за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Oпштина Струга за оваа намена, Oпштина Струга ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен и ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на подрачјето на Oпштина Струга кои имаат купено велосипед во период од 01.01.2021 до исцрпување на предвидените финансиски средства и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исплонуваат условите од овој Јавен повик.
Само едно лице од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за купување на еден велосипед.
Услови што треба да ги исполни подносителот:
Подносителот треба да ги исполни следните услови:
да е жител на Oпштина Струга;
велосипедот да го има купено во периодот наведен во Јавниот повик, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.
да има платено (пријавено) данок на имот за станбениот објект каде што живее, заклучно со 2020 година.
Напомена: Подносителот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно, Комисијата доставува предлог до градоначалникот на Oпштина Струга за неусвојување на барањето.
Исплатата на средствата ќе се изврши од страна на буџетот на Oпштина Струга во сметка на подносителот чиво барање ќе биде усвоено.
Начин на пријавување на Јавниот повик
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, подносителот до Kомисија на Oпштина Струга треба да достави:
барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Струга од веб страната на Општина Струга;
фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Струга;
фотокопија од трансакциска сметка;
доказ во оригинал дека е извршено купување во 2021 година (во периодот истакнато во јавниот повик) и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.
Изјава со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
друг член од семејството нема поднесено барање за субвенции;
дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор на државата.
Подносителот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „ Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед “ во архивата на Општина Струга, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот.
На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен велосипед за 2021 година“.
Архивата на Општина Струга примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
StrugaOnline

Facebook Коментари