Актуелниот градоначалник на Струга, Рамис Мерко ќе се кандидира за нов градоначалнички мандат на претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври.Оваа информација ја објави вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби кој учествуваше на трибината во Струга „20 по Охрид“ организирана по повод одбележувањето на 20 -годишнината од Охридскиот договор.
– Ќе жнееме уште една победа, благодарение на работата и трансформацијата што Рамис ја направи во Струга – рече Груби.
Доколку ги добие изборите, Мерко ќе биде градоначалник на Струга по трет пат.
Facebook Коментари