ЛТХ Леарница вработува асистент во одделот за човечки ресурси

- Локални, Маркетинг
946

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на општествените науки
  • Се претпочита претходно работно искуство
  • Возачка дозвола Б категорија

Одговорности:

  • Одржува точни и ажурни датотеки, записи и документација за човечки ресурски
  • Одговора на често поставувани прашања од апликантите и вработените во однос на стандардните политики, придобивки, процеси на вработување итн.
  • Врши периодични ревизии на датотеки и евиденција на човечки ресурси за да се осигура дека сите потребни документи се собираат и поднесуваат соодветно.
  • Обезбедува службена поддршка на одделот за човечки ресурси во комуникација со останатите сектори.
  • Помага при процесот на пресметка на плата, одговарање на прашања на вработените, поправање грешки при обработката и дистрибуција на документи, води грижа за заштита на податоците.
  • Посредува помеѓу организацијата и надворешните институции, агенции и даватели на услуги.
  • Спроведува или помага при ориентацијата на нововработени и координира во изведбата на практичната настава во Друштвото.
  • Помага при организирање специфични настани.
  • Врши други доделени задачи согласно оспособеноста за работа.

Почитување на стандардите и правилата на Друштвото

Потребни вештини:

  • Одлични пишани и вербални комуникациски вештини на македонски, српско-хрватски и англиски јазик
  • Одлични интерперсонални вештини за справување со сензитивни и конфликтни ситуации, тактички, професионално и непристрасно.
  • Насоченост кон детали и одлична организираност
  • Активно користење на Microsoft Office пакетот
  • Умешност при учење и користење нови дигитални алатки и политики

Услови за работа:

Работната позиција бара користење заштитна опрема, се работи 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – административен дел со редовни активности во производниот дел.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз).
  • обезбеден топол оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • награди и бонуси согласно покажани резултат
  • Дополнително приватно здравствено осигурување

Краен рок на поднесување CV е:  22/08/2021, на линкот: www.lthcastings.com/careers

Facebook Коментари