Втор ден ,,Струшки вечери на поезијата“ -ова е програмата

- Локални
521

Вториот фестивалски ден од 60-то јубилејно издание на ,,Струшки вечери на поезијата“ започнува во 10:00 часот со  Портрет на Ива Дамјановски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2020 година во конгресната сала на хотел ,,Дрим“. Во 11:00 часот, на истата локација  следува Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2021 година, а еден час подоцна ќе се одржи Поетска работилница со Звонко Карановиќ. Во 18:00 часот ќе се одржи „Поетско кафе“ – Средба со издавачи, агенти и професионални посетители – Версополис.

Во 20:30 часот на Летната сцена при ЦК ќе следуваат Поетски портрети-претставување на Керол Ен Дафи, а од 21:30 часот предвидено е претставување на Владан Кречковиќ

Час подоцна следува програмата Ноќ на Версополис, а на полноќ „Ноќи без интерпункција“.

Strugaonline

Facebook Коментари