Болниците во Струга, Гостивар, Тетово и Кичево преполни со ковид пациенти

- Локални, Македонија
690

Болниците во Тетово, Гостивар,  Струга и во Кичево се уште се преполни со пациенти со Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека се уште трае координацијата со директорите на овие болници со цел на секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што се уште има места во болницата во Козле, каде што ротира тима на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

-Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.
Филипче додаде дека охрабрувачки е тоа што бројките на дијагностицирани опаѓаат, но премногу е рано да се заклучи дали е ова тренд кој што ќе продолжи и понатаму.

Министерот  уште еднаш апелираше на масовно вакцинирање.

Facebook Коментари