Лев банер Десен банер

Започна учебната година во ООУ ,,Јосип Броз Тито“, во училишните клупи седнаа 88 првачиња

Започна учебната година во ООУ ,,Јосип Броз Тито“. Заедно со подрачните училишта во Радожда, Враништа и Мислешево, има вкупно 741 ученик од прво до деветто одделение, а од нив, 88 се првачиња.

Од ,,Јосип Броз Тито“ информираат дека се комплетно подготвени за почетокот на учебната година и строго ќе се почитуваат сите препораки и протоколи од Министерството за образование и наука и Министерството за здравство за заштита од вирусот ковид 19.

Од таму додаваат дека 80% од вработениети во училиштето се имунизирани.

Strugaonline

error: