Засадени дрва на улиците Маркс Енгелс, ЈНА и Маршал Тито

Од неодамна општина Струга и градоначалникот г-нот Рамиз Мерко започнаа со неколку проекти со цел разубавување на градот како модерен туристички град. Дел од проектот е и засадување дрва на улиците Маркс Енгелс, ЈНА и Маршал Тито.
Улицата Маркс Енгелс е во завршна фаза од реконструкцијата што се очекува наредните денови да биде целосно функционална со нов асфалт, проширена и со нови паркинг места.


