Кирил Пецаков е новиот градоначалник на Охрид

- Локални
910

Со освоени 16.980 гласови или 54,63%, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид д-р Кирил Пецаков победи во вториот круг на локалните избори 2021 година, покажуваат официјалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК).

Неговиот противкандидат, д-р Константин Георгиески од СДСМ освои 13.161 гласа, односно доби доверба од 42,34% од гласачите.

Facebook Коментари