Со македонскиот филм ,,Ефектот на среќа“ започнува кино-репертоарот во ЦК ,,Григор Прличев“ Охрид

- Локални
444
Охридскиот центар за култура ,кино репертоарот го започнува со проекција на македонскиот филм ,,Ефектот на среќа” во режија на Борјан Зафировски.
,,Ефектот на среќа” е урбана драма за универзалната потрага по среќата.
Кино проекциите се закажани за во среда (03.11.2021), четврток (04.11.2021) и петок (05.11.2021) година,  со почеток 19.00 часот.
Играат: Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Таневска и Јовица Михајловски
Билетите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063,
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Facebook Коментари