Лев банер Десен банер

Филмот ,,Брит Мари беше тука“ ќе се прикажува во Охрид

Во охридскиот центар за култура ќе се прикажува филмот ,,Брит Мари беше тука“,

Шведска продукција базирана на бестселерот на Фредрик Бакман.
Кино проекции среда (17.11.2021) и четврток (18.11.2021) почеток 19.00 часот, цена на карта 100 денари.
63-годишната Брит-Мари го напушта неверниот сопруг по 40 години брак и животот на посветена домаќинка. Вистински предизвик е да најде работа во малиот град Борг особено откако ќе ѝ кажат дека е досадна пасивно-агресивна тетка. Се вработува како тренер на детски фудбалски тим и така почнува нејзиното патување сочинето од тешки предизвици, борби, но и љубов.
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

error: