Поради состојбата со пандемијата, и оваа година како и претходната нема да се одржи Бадниковата поворка низ улиците на Струга, но затоа во Црковниот двор при Храмот на Светиот Великомаченик Георгиј , на 30-ти декември во четврток од 10:00 часот ќе биде поставена Божикната пештера и црвениот тепих на хуманоста.
Во ова Пред -Рождествено благородно дело , поканети се да учествуваат сите граѓани. Секој во рамки на своите можности на црвениот тепих на хуманоста ќе може да остави донација составена од нерасиплива и конзервирана храна, пакетчиња со хигиенски средства, пакетчиња со производи за бебиња, но и парични средства што ќе бидат донирани на ранливи категории.
,,Во радост и мир да си го дочекаме Светлото Христово Рождество ,и сите заедно да извикаме Слава на Бога во висините и мир на земјата мегу луѓето.,,-порачуваат организаторите.
Strugaonline
Facebook Коментари