Петмина заразени во националниот ракометен тим на Македонија пред ЕП

- Спорт
408

Македонската машка ракометна репрезентација не остана поштедена од коронавирусот, а во четврток го започнува својот настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

На последното тестирање пред патувањето за унгарскиот град Дебрецин, петмина членови на националниот тим имале позитивен тест, објави  Ракометната федерација на Македонија.

 Имињата на заразените не се објавени, ни дали се играчи или членови на стручниот штаб, поради што конечниот список патници за ЕП ќе биде познат непосредно пред заминувањето денеска во 14:10 часот.

Согласно инструкциите од Европската ракометна федерација, репрезентативците биле тестирани трипати од почетокот на годината.

„На последното ПЦР тестирање, направено во овластена лабораторија за сите членови на Ракометната федерација на Македонија, кај петмина претставници кои требаше да заминат на Европското првенство 2022 е детектиран коронавирусот“, соопшти РФМ.

 Македонија на 13 јануари го игра првиот меч со Словенија, на 15 следува натпреварот  со Црна Гора  и на 17 јануари е средбата со Данска.

Facebook Коментари