Meрко на работна средба со претставници на ТИРЗ: Целта е да се постигне индустриска развојна зона за рамномерен економски развој во струшкиот регион

- Локални
757
Заменик директорор Г-дин  Пајазит Лика со група други претставници од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони остварија средба со градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко.
На состанокот се дискутираше за концептот за слободни економски зони, со цел да се постигне индустриска развојна зона за рамномерен економски развој во регионот на Струга.
,,За доброто на граѓаните на Општина Струга  градоначалникот Мерко побара подобра соработка од страна на Дирекцијата на ТИРЗ и секако од компаниите кои оперираат во нашиот регион. Затоа што целта на овие инвестиции и дадената поддршка беше компаниите Магна Интернационал и ОДВ Електрик да обезбедат работа за граѓаните на Струга и економски развој.,, -соопштија од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари