Утре започнува четвртата сезона од кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

- Локални
575

Утре, 1. февруари 2022 година започнува четвртата сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“.

Проектот е од информативно-едукативен карактер, а на него работеа професори и доктори од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година. Преку соодветни текстови, подоцна преточени во видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат бројни граѓани и на нашата земја. Материјалите  ќе се емитуваат на близу 60 национални, регионални и локални медиуми во државата

Оваа година за Денот на ретките болести 2022, година, тимот кој го реализира проектот ,,Ги запознаваме ретките болести“  ги повикува сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.

-Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува во светлото на КОВИД-19. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Во вторник на 1 февруари започуваме со националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2022” но и со осветлување на Самоиловата тврдина како едно од најважните обележја на Охрид. Самоиловата тврдина ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести. -информира Гордана Лолеска

Истиот ден во боите на ретките болеси ке се обојат и оптинските згради на Охрид,Дебарца и Струга.

Организаторите повикуваат и заинтерсирани поединци да осветлат  некој објект или да дадат предлог  за илуминација на некоја зграда, споменик и слично, затоа што повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание

Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите!
Во обид за глобална солидарност, поканети сте да го осветлите или декорирате вашиот дом со боите на Денот на ретки болести во 19 часот по вашето локално време на 28 февруари 2022 година.

Strugaonline

Facebook Коментари