Општина Струга објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации

- Локални
768

Врз основа на член 50  став 1 точка  од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 5/02 ) и член 74 став 3 од Статутот на Општина Струга („Службен гласник на Општина Струга“ бр. 17/02, 30/03), а во врска со член 6 од Одлуката за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Струга на организации од областа на спортот, културата, социјалната заштита и невладиниот сектор бр. 07-1842/9 од 20.06.2012 година, Градоначалникот на Општина Струга, објавува јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации
,,Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални мпроблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации. ,,-информираат од Општина Струга.

Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.   Целосниот јавен повик со потребните образеци можете да го најдете на веб страната на Општина Струга www.struga.gov.mk

Facebook Коментари