Во болницата „Св.Еразмо” во Охрид денеска за прв пат изведена операција со неврохируршки микроскоп

- Локални
1226
Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп.
-Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата ,,Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати.-информираше на својот Facebook профил Д-р Венко Филипче.
Тој на своите колеги им посака успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го оперираа што побрзо опоравување.
Strugaonline

Facebook Коментари