Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Целта на одбележувањето на овој ден (21-ви февруари) е промоција на лингвисттичната и културна разновидност.

,, Јазиците се најмоќните инструменти за зачувување и развој на нашето материјално и нематеријално наследство. Сите потези за промовирање на ширењето на мајчините јазици ќе служат не само за поттикнување на јазичната разновидност и повеќејазичното образование, туку и за развивање на поцелосна свест за јазичните и културните традиции ширум светот и за инспирирање на солидарноста заснована на разбирање, толеранција и дијалог.,, – велат од Општина Струга по повод денешниот ден.
На XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година, 21-ви февруари е именуван како ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Во 2000 година, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.
Facebook Коментари