Лев банер Десен банер

ЖКК Струга 2009 загуби од екипата на Вардар

Во рамки на прва А лига во женска конкуренција, ЖКК Вардар славеше над ЖКК Струга 2009 со резултат 78:55 (21:15;33:16;12:12;12:12). Најдобрите во нашата екипа беа: Томпсон со 13 поени и 10 скокови, Устијаноска со 12 поени и 3 асистенции, Укоска 11 поени, Шеќероска 8 поени, 6 скокови и 6 асистенции. Зендели постигна 6 поени и 10 скокови,  Филоска 3 поени и Белеска 2 поени.

Во редовите на Вардар најдобри беа Муса и Петкоска со по 24 поени.

,,Од оправдани причини на овој натпревар настапивме без капитенот Стојаноска и најискусната Петкоска. Дадовме солиден отпор на фаворитот, но поради лошата втора четвртина го загубивме натпреварот , а во останатите периоди бевме егал. Задоволен сум од некои од помладите кошаркарки кои ја презедоа главната улога и ја искористија својата минутажа на овој натпревар,,  – изјави тренетор Ѓоровиќ.

Во младинска конкуренција забележани се две победи, помалите пионерки славеа над Работнички со 42:18, a кадетките славеа над Работнички со резултат 66:15.

Strugaonline

 

error: