Во близина на селото Песочани, општина Дебрца пронајдено возило „Порше“ што минатата година бил украдено од жител на Битола

- Локални
942

На 01.03.2022 година во 10.35 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, во близина на селото Песочани, општина Дебарца, пронајдоа патнички автомобил „Порше“ без регистарски ознаки, кое во текот на 2021 година било украдено од жител на Битола по што била распишана централна потерница. Возилото е обезбедено за понатамошна постапка.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари