
Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска одбележува значајни седумдесет и седум години од своето основање и дваесет и седум години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
,,17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Северна Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.
17 март е воедно и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи.,, -стои во соопштението од Општина Струга на оваа тема.
Facebook Коментари